Тринаесетгодишно девојче ја нападнало својата 72-годишна баба во Куманово

Макфакс

19/07/2026

15:50

710

Големина на фонт

а а а

Во Куманово е пријавен случај каде 13-годишно девојче физички ја нападнало својата 72-годишна баба, по што полицијата презема мерки за расчистување на инцидентот.

Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 18 јули во 21:30 часот во СВР Куманово. Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом.

Исто така, според пријавеното, малолетничката со остар предмет ѝ упатувала закани на пријавителката, како и на други членови на семејството.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.