До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, вели УХМР
Времето денеска ќе биде сончево и жешко, со мала до умерена облачност, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, вели УХМР. Тогаш дневната температура секаде ќе биде над 33 степени.
Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.







