Муцунски од Вашингтон: Потврдена определбата за зајакнување на стратешкото партнерство со САД

Макфакс

18/07/2026

11:30

133

Големина на фонт

а а а

Министерот Тимчо Муцунски одржа средба во Вашингтон со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, каде што беше потврдена определбата за унапредување на стратешкото партнерство и соработката меѓу двете земји во повеќе области како одбрана, економија и енергетика.

Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји.

Фокусот на средбата беше ставен на унапредувањето на соработката во областа на одбраната и сојузништвото во НАТО, економијата, енергетиката и регионалната поврзаност.

Беа разменети мислења и за состојбите во регионот, како и за значењето на континуираниот ангажман на САД за мирот, безбедноста и просперитетот на Западниот Балкан.