[ВИДЕО] Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот законик, истото го одбија поради виктимизација

Макфакс

17/07/2026

12:00

148

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека опозицијата добила бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот законик, но одбила поради виктимизација. Тој истакна дека коалицијата на СДС, Левица и ДУИ одбила неколку предлози, обидувајќи се да се претстават како жртви, додека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт работи во интерес на државата и ги прифаќа барањата.

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

„Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го одбија. Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат“, рече Манасиевски.

Но, додаде тој, исто така, со недонесување на Изборен законик иректно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда.

„Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на изборен законик е директен показател дека кога ќе имаат можност СДС, Левица и ДУИ ќе опструираат. Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е евидентна. Едните работат во интерес на државата, а другите за својот и партискиот интерес“, рече Манасиевски.