Мицкоски денес го фали НАТО, а вчера беше против – типичен пример за вмровско лицемерие велат од СДСМ

Макфакс

16/07/2026

18:30

162

Големина на фонт

а а а

Во текстот се анализираат изјавите на Христијан Мицкоски и неговиот однос кон НАТО и евроатлантската интеграција. СДСМ обвинува за лицемерие и ја критикува политиката на ВМРО-ОКГ, посочувајќи дека тие ја оддалечуваат Македонија од релевантните меѓународни организации и предизвикуваат економски и политички проблеми.

Христијан Мицкоски денес се фали со унапредување на соработката со НАТО. Тимчо Муцунски во Брисел изјави дека НАТО е „феноменална работа“ бидејќи покрај безбедноста на граѓаните, обезбедува и сигурност за странските инвеститори. Сепак, граѓаните не смеат да заборават дека до вчера ВМРО-ОКГ беше остро против влезот во НАТО“, велат од СДСМ.

„Истиот тој Мицкоски и неговата партија се противеа на членството во НАТО, исто како што денес се противат на европскиот пат.

Клучните државотворни одлуки во Македонија од членството во НАТО до евроатлантската ориентација – секогаш ги носеше СДСМ. Тоа беа неопходни одлуки за иднината на државата.

Денес, ВМРО-ОКГ и Мицкоски носат изолација, криминал и корупција. Наместо раст на инвестициите благодарение на безбедноста, имаме пад од 60 проценти поради нивните политики.

Наместо напредок, граѓаните добиваат економски колапс и ослободување на криминалци.

Наместо да ја штитат државата, тие ја штитат криминалната структура и го враќаат имотот стекнат со криминал назад во рацете на истата таа структура.

Мицкоски денес го фали НАТО сојузот, но неговата политика ја држи Македонија далеку од европските и евроатлантските структури. Тоа не е државотворност. Тоа е лицемерие и свесно уништување на перспективата на Македонија“, соопшти СДСМ.