[ВИДЕО] Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа не се донесе Изборниот законик

Макфакс

16/07/2026

11:40

148

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвинува опозицијата СДС, Левица и ДУИ дека на следните избори се обидуваат да се претстават како жртви и оштетени, поради што не беше донесен Изборниот законик. Според него, овие партии го блокирале важниот закон поради страв од пораз и политички игри.

Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи, додава тој, овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии.

„Иако како никогаш досега имаше простор за консензус и слух од Владата, тие одбраа опструкции.

Иако како никогаш досега, имаат партија на власт која им вели договорете се што сакате и токму тоа ќе ви биде прифатено, тие тоа го одбија.

Европските функционери велат Македонија е лидер во Реформската агенда и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст токму поради испорака на реформи, истите повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС, Левица и ДУИ одлучија да го блокираат напредокот на државата.

Прочитани се и оваа политика на жртва нема да им помине“, додава Манасиевски