Гувернерот Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство“

Макфакс

16/07/2026

09:30

177

Големина на фонт

а а а

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти и ги охрабри да ги искористат можностите за практично искуство и учење во институцијата која ја одбележува 80-годишнината од постоењето на централното банкарство.

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои започнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства.

Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј којшто го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата во градењето на довербата во националната валута и одржувањето на макроекономската стабилност.

Вие сте дел од иднината

„Вие сте дел од иднината. Искористете ја практикантската работа најдобро што можете – поставувајте прашања, учете од вашите ментори и бидете отворени за нови идеи“, порача Славески.

Студентите практиканти ќе имаат можност да се запознаат со работата на различни организациски единици на Народната банка, вклучително монетарната политика и истражувањето, финансиските пазари, статистиката, информатичката технологија, правните работи и трезорското работење, стекнувајќи поширока слика за функционирањето на една современа централна банка.