Шпанија го претрпе последниот пораз пред повеќе од една година во финалето на Лигата на нации, но два дена по неуспехот на Лигата на нации, Педри испрати една порака која посебно доби на значење неколку часа по полуфиналето на Светското првенство.
Ѕвездата на Барселона сигурно нема да биде најзадоволна што на втор натпревар во низа почна од клупата за резерви, меѓутоа и во такви услови стана вирален хит поради една негова прогноза од 10-ти јуни минатата година.
Два дена по поразот од Португалија во финалето на Лигата на нации, Педри на својот Инстаграм профил напиша шест бројки, па иако тогаш многумина не ја сфатија логиката, шпанската јавност брзо го препозна значењето.
– 19.07.26, – гласеше пораката на Педри, алудирајќи на датумот на кој ќе се игра финалето на Светското првенство.
Една година подоцна, типот на Педри испадна точен, бидејќи Шпанија ќе игра во големото финале и ќе се бори за втора титула во својата историја.





