Светкото првенство е натпреварување кое може да понуди различни емоции и да донесе пресврти во период од еден месец, а токму тоа на своја кожа најдобро го почувствува Фабијан Руиз, еден од најконстантните шпански репрезентативци во ерата на Луис де ла Фуенте.
Ѕвездата на ПСЖ го почна мундијалот како стартер, потоа беше преселен на клупа поради неубедливото издание против Зеленортски Острови, но во нокаут фазата повторно дочека своја шанса поради падот на Педри.
Руиз се врати во стартниот тим против Белгија, беше во почетните 11 и вчера против Франција, а заедно со Родри, играчот за врска испорача фудаблски рецитал во средниот ред.
Фабијан за многумина е еден од најпотценентите играчи во шпанскиот тим во друштво на Микел Ојарзабал, но статистиката која се споделува по полуфиналето со Франција е навистина импресивна и брутална.
Имено, Фабијан нема ниту еден пораз како шпански репрезентативец, односно на 49 одиграни натпревари на кои го носел шпанскиот дрес, не забележал ниту еден неуспех.
Руиз има биланс од 34 победи и 15 нерешени резултати, па оваа неверојатна статистика прави јавноста да гледа на него како „шпанска амајлија“ во пресрет на големото финале кое се игра во недела.





