Хасан откри зошто го нарекувал Меси „играчот со број 10“ во најавата за мечот со Аргентина

Дерби

15/07/2026

14:37

378

Големина на фонт

а а а

Египетскиот селектор Хосам Хасан не ја криеше фрустрација по елиминацијата од Аргентина и посочи дека ова Светско првенство се мести во корист на „гаучосите“, а во моменти кога дисциплинското тело на ФИФА извлекува заклучоци за тоа каква казна да му додели, искусниот стручњак стана интересен и поради една изјава за Лионел Меси.

Во своите јавни излагања и подготовките кои ги имаше за натпреварот, Хасан во ниту еден момент не го нарече аргентинскиот капитен по неговото име, односно претпочиташе да говори за него претставувајќи го како „играчот со број 10“.

По враќањето во родниот Египет, Хасан им објаснил на своите сонародници дека намерно го правел тоа пред осминафиналето со Аргентина, односно со јасна цел да го неутрализира притисокот од самото значење на името Меси.

– Зборот „Меси“ може да ги исплаши фудбалерите. Затоа кога правев подготовка и давав говор пред натпреварите, избегнував да го изговорам неговото име. Полесно е да кажеш „играчот со број 10“, отколку да им вметнеш во главите на фудбалерите дека играат против Меси.

– Тоа е психолошка игра, се обидував да го подготвам мојот тим на технички и тактички план, да не се фокусираат само на еден играч и едно име. Не е добро кога подготвувате натпревар со апострофирање на така големо име, сакав моите момци да ги слушнат моите инструкции и да не се преоптоваруваат со името на Меси, – откри Хасан.