Акцијата која ја пресликува апсолутната немоќ на Французите: Шпанија си поигруваше со „триколорите“ како на тренинг

Дерби

15/07/2026

13:37

694

Големина на фонт

а а а

Французите пристигнаа во полуфиналната фаза на Светското првенство како фудаблери кои прикажаа најмногу на мундијалот во САД, Мексико и Канада, па иако се издвоија како главни фаворити за титулата, „галските петли“ не ги оправдаа таквите очекувања на првиот сериозен европски тест во нокату фазата.

Шпанија одново се покажа како непремостлива пречка за „триколорите“ во последните три години, а третиот последователен пораз јасно укажува на тоа дека Французите едноставно немаат против играр за актуелниот европски шампион.

„Црвената фурија“ издоминира со препознатлива игра и испорача фудбалски рецитал на теренот во Далас, па една акција од првото полувреме најдобро ја отсликува немоќта на ривалите.

Франција не можеше да испрати ниту еден директен удар кон голот на Симон до средината на второто полувреме, а причина за тоа беше неверојатната дисицплина и пас играта која ја негуваа фудбалерите на Де ла Фуенте.

Добро позиционираните Шпанци беа за чекор побрзи од ривалите во речиси секоја клучна акција, но онаа од првото полувреме стана вирален хит бидејќи на момент изгледаше како „фуријата“ да има полесена тренинг вежба против Франција.