Сколс предвидува хаос на второто полуфинале: Ќе има црвени картони, ќе биде…

Дерби

14/07/2026

15:07

310

Големина на фонт

а а а

Време е за полуфиналните битки на Светското првенство, првата „епизода“ е закажана за вечерва од 21 часот каде во акција ќе ги видиме Франција и Шпанија, а утре во истиот термин силите ќе ги одмерат Англија и Аргентина.

Двете соочувања се привлечни на свој начин, тешко е да се каже дали некој ја има улогата на фаворит и токму затоа фудбалските фанови со нетрпение очекуваат официјален старт.

Пол Сколс даде прогноза за второто полуфинале во кое очекува вистински хаос, жолти, црвени картони, ниски удари, но и славје на Англија од 4-3.

- Мислам дека патот за Англија и Аргентина е многу сличен. Ниту еден од тие тимови не играше добро, но поминаа понатаму. Мислам дека најголемата работа, најголемата предност за Аргентина, е што тие го правеле тоа и претходно и знаат како да победат во овие големи натпревари на турнирите. Ние сè уште треба да го докажеме тоа.

- Ова ќе биде живо, ова ќе биде хаос. Ова може да биде 4-3 во секој случај, ќе има жолти и црвени картони. Ако Аргентина губи, се ќе тргне, тоа е апсолутно гарантирано. Ако изгубите од нив, тоа е ужасно. Мислам дека можеме да ги победиме Аргентина и Шпанија, но не сум сигурен дека можеме да ја победиме Франција. Мислам дека ни треба Шпанија да ја победи Франција.

- Мислам дека нашето полуфинале е 50-50, како превртување паричка. Можеби Аргентина е фаворит само поради искуството, но јас го претпочитам нашиот состав на играчи, дури и ако се земе предвид Лионел Меси. Одам со 4-3 за Англија. Ќе биде хаос – ќе има црвени картони и сè, сè ќе се случи, - смета Сколс.