[ФОТО] МВР распиша меѓународна потерница за Александар Лазаров - Цуната, кој им избега на полицајците низ прозорец од станицата во Кочани

A1ON.MK

13/07/2026

15:38

1.079

Големина на фонт

а а а

Министерство за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани.

Тој избега од полициската станица во Кочани, каде што беше приведен поради поседување дрога.

- Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1, член 22 од Кривичниот законик – велат од МВР.