Опозициските партии го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

11/07/2026

09:50

195

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува опозициските партии дека го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик поради страв од изборен пораз и ниските рејтинзи. Партијата тврди дека различните изговори од СДСМ, Левица и ДУИ се дел од стратегија за избегнување на избирачката одговорност и покренува одлуки за олеснување гласање во дијаспората.

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ дека „со свои различни изговори“ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик.

Од партијата оценуваат дека причината за нивното однесување е иста – ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз.

„Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас, Левица прво доби повеќе пари, па после се откажа од намерата да го поддржи Изборниот закон. А, ДУИ, пак, отвора нови услови за начинот на носење одлуки во Државната изборна комисија. Сите имаат различни барања и изговори, човек крајот да не може да им го фати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека различните ставови на опозициските партии не се случајни.

„Тие имаат иста цел, да не се донесе нов реформски Изборен законик и со тоа да се создаде алиби за нивниот се поизвесен поразот на следниот изборен циклус. Зад ваквото однесување и политичко делување на опозицијата стојат партиски калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори. И тоа е сè поочигледно што не можат да го покријат со ниту едно соопштение, реакција или јавен настап. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека останува доследна на својот став дека ги прифаќа сите барања на опозицијата, само да се запазат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се олесни и прошири гласањето на дијаспората“, стои во партиското соопштение.