Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со високи температури до 37 степени, со повремено дување на слаб до умерен ветер. Во недела се очекуваат нестабилни услови со пороен дожд и грмежи.
Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.







