21-годишник поттикнал малолетник да ја украде картичката на дедо си па подигале пари од банкомат

Макфакс

10/07/2026

14:20

186

Големина на фонт

а а а

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово поднесе кривична пријава против 21-годишник од Пехчево кој поттикнал малолетник да украде банкарска картичка од неговиот дедо и да подигне пари од банкомат без дозвола, нанесувајќи материјална штета.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Имено пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари.