Уапсени двајца скопјани: При претрес во дом во Кисела Вода пронајдена дрога и пари

Макфакс

10/07/2026

10:40

182

Големина на фонт

а а а

Двајца мажи од Скопје се уапсени во текот на претрес на дом во Кисела Вода каде што биле пронајдени дрога и пари. Полицијата од СВР Скопје изврши претрес по судска наредба и ќе поднесе кривична пријава.

Вчера во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода 38-годишниот П.Ј. и 28-годишниот Д.Р., двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.