Сончево време со мала облачност и температури што ќе достигнат до 34 степени, со претежно стабилни услови во следните денови. Во недела се очекува пороен дожд и грмежи.
Сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.
Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.







