Рекордни температури во Барселона

Макфакс

08/07/2026

19:40

232

Големина на фонт

а а а

Барселона денес забележа највисока историска температура од 40,5°C, доведувајќи до црвено предупредување за екстремна топлина во источна Шпанија, на која се прогнозира продолжен топлотен бран со сериозни последици по населението.

Барселона денес ја забележа највисоката температура во историјата на шпанскиот град, 40,5°C, објавија регионалните метеоролошки служби, со што го сруши претходниот рекорд од 40°C поставен во јули 2024 година.

Во овој многу популарен туристички град во Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите.

Шпанската метеоролошка агенција „Аемет“ вчера издаде црвено предупредување за екстремна топлина во делови од три региони во источна Шпанија, каде што максималните температури би можеле да достигнат помеѓу 40 и 42 степени Целзиусови.

Црвениот аларм, кој се однесува на регионите Каталонија, Валенсија и Сарагоса, сигнализира „исклучителна опасност“ со потенцијално „многу сериозно влијание“ врз имотот и здравјето на населението. Се очекува овој нов топлотен бран да трае до утре.

Меѓу земјите најтешко погодени од климатските промени во Европа, Шпанија е речиси навикната на толку високи температури, но во последниве години се соочува со сè почести и интензивни топлотни бранови во лето, кои исто така траат подолго.

 

фото/Depositphotos