Романтичен крој, цветен дезен и елеганција... а тоа е само почеток на приказната за прекрасниот фустан што госпоѓа Ѓоковиќ го носеше за време на вчерашниот натпревар на нејзиниот сопруг на Вимблдон.
И на овогодишниот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го потсетува светот зошто е најдобриот тенисер на сите времиња, повторно со голема поддршка од својата ложа, од каде што навива неговото семејство.
Покрај српскиот спортист на сите натпревари се неговите деца Тара и Стефан, како и сопругата Јелена, која ниже извонредни летни модни изданија во духот на летната сезона.

Сопругата на Ноле во секоја пригода беше на висина на модната задача, а на неговиот вчерашен натпревар против Феликс Оже-Алијасим повторно му се врати на цветниот дезен како апсолутен летен императив.
Јелена Ѓоковиќ избра фустан со потпис на шпанскиот бренд „Charo Ruiz“, моделот наречен „Maui“, кој има романтичен квадратен изрез обрабен со нежна чипка, широки прерамки и женствен крој во форма на буквата А. Станува збор за памучен фустан, совршен за жешките летни денови, кој е тесен во пределот на торзото, така што визуелно го нагласува струкот, од каде што се шири до макси должина и има шлиц до средината на бутот.
Посебна нота му даваат цветните мотиви на бела подлога, а овој фустан е достапен и во жолта и во црна варијанта и на веб-страницата на популарниот бренд чини нешто повеќе од 740 евра.


Јелена Ѓоковиќ овојпат својот летен стил го надополни со висока и елегантна пунџа, додека на почетокот од натпреварот носеше очила за сонце, кои исчезнаа од нејзиното лице како што одминуваше дуелот, бидејќи сепак траеше дури пет часа и 15 минути!
Како и обично, сопругата на Новак Ѓоковиќ сè „зачини“ со луксузен, но ненаметлив накит, овојпат во боја на жолто злато, а тука се рачниот часовник, нараквиците, суптилните обетки и тенкото ланче со привезок.



