Директорот на ЦУК најави нова апликација „Where Are You“ што ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со службата 112 и ќе помогне во итни ситуации со прецизна локација, видео и фотодокументација, како и тивко повикување на помош за жртвите од семејно насилство.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али најави дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со службата 112 во итни ситуации.
Апликацијата според најавеното ќе овозможи, прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот;
„Испраќање фотографии од местото на настанот; Испраќање видеа од местото на настанот; Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации“.
Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош.
„Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации“, истакна Али.







