Трамп: Мелони е фина личност, но, таа направи грешка

Макфакс

07/07/2026

19:23

209

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека италијанската премиерка Џорџа Мелони е фина личност, но дека направила грешка поради одбивањето да ги поддржи САД во војната со Иран, што предизвика тензии во нивниот однос.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека италијанската премиерка Џорџа Мелони е „фина личност“, но исто така ја критикуваше за тоа што одби да ги поддржи САД за време на војната со Иран.

Трамп им рече на новинарите во Турција, каде што присуствува на самит на НАТО. „Нашиот однос малку се влоши затоа што таа одби да ни помогне. Таа одби да се вклучи и тоа малку го влоши нашиот однос. Но, ми се допаѓа. Мислам дека таа е всушност фина личност. Но, мислам дека направи грешка“, рече тој.

Мелони некогаш се сметаше за еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа, но нивниот однос почна да се влошува минатиот месец, кога Трамп изјави за италијанската телевизиска станица „La7“ дека премиерката го „молела“ да се фотографира со неа на самитот на Г7 во Франција.

Мелони го отфрли тврдењето и го обвини Трамп дека ја измислил целата приказна.

Тензиите меѓу Рим и Вашингтон се појавија и во март, кога Италија одби да им дозволи на американските воени авиони да слетаат во база во Сицилија пред да полетаат кон Блискиот Исток, тврдејќи дека Вашингтон не побарал претходно одобрение од италијанските власти.

Мелони претходно ги критикуваше нападите на Трамп врз папата Лав XIV откако поглаварот на Католичката црква ја осуди војната со Иран.

Фото: ЕПА