Во Гостивар се случила сериозна сообраќајна несреќа во која седум лица се повредени. Несреќата се случила во населбата Млаки, а повредените се пренесени во болници за укажување на медицинска помош.
Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во населбата Млаки во Гостивар, информира МВР.
Несреќата била пријавена на 6 јули во 23:10 часот во ОВР Гостивар, а во неа учествувале „цитроен берлинго“, управуван од 59-годишниот Р.Ј. од Гостивар, и „сеат леон“, управуван од 70-годишниот О.Р. од Гостивар.
Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците М.С.(64), З.И.(45) и С.Р.(60). Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле и сопатниците Д.П.Г.(59) и П.А.(54), констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар.







