Во Пласница се случил напад врз полициски службеници откако тие привеле 65-годишник кој се однесувал агресивно и упатувал закани. Двајца лица од селото физички ги нападнале полицајците додека го лишувале од слобода.
Три лица од Пласница се осомничени за закани и напад врз полициски службеници, информира МВР.
На 6 јули во Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го привеле 65-годишниот Р.Б. од селото, затоа што агресивно се однесувал и им упатувал закани.
Откако тој бил лишен од слобода, Е.Д. и А.Д., двајцата од Пласница, физички ги нападнале полициските службеници.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.







