Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората, велат од СДСМ

Макфакс

07/07/2026

09:40

156

Големина на фонт

а а а

Во соопштение од СДСМ се тврди дека Мицкоски и ВМРО упорно ги следат обидите за изборен инженеринг и манипулација со гласовите од дијаспората, обвинувајќи ги дека сакаат да воведат гласање по пошта без соодветна контрола и безбедносни гаранции.

„Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од обидите за изборен инженеринг и манипулација со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните“, велат од СДСМ.

„На Мицкоски не му е важна реформската агенда, тоа му е само параван за изборен грабеж.

Лага е дека СДСМ е против гласањето на дијаспората, бидејќи иселениците гласаат и сега. Ние сме против модел кој отвора врата за изборен грабеж и манипулација со гласовите на 200 илјади граѓани од дијаспората.

Власта категорично одбива ДИК со консензус да ги регулира овие процедури. Ако целта им е фер избори, зошто бегаат од механизми за контрола и доверба во процесот?

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, власта треба да се повлече од овие намери и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би да го регулира гласањето на дијаспората“, соопшти СДСМ.