ВМРО-ДПМНЕ: „Месеци на практикантство“ конкретна мерка преку која студентите ќе стекнат искуство

Макфакс

07/07/2026

09:20

184

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ претстави програмата „Месеци на практикантство“ како конкретна мерка преку која студентите ќе можат да стекнат практично искуство и да го применат знаењето од студиите пред дипломирањето, со цел полесен пристап до пазарот на труд и поддршка на локалните институции.

Студентите добиваат можност стекнатото знаење за време на студиите да го применат во пракса уште пред нивното дипломирање, работејќи директно во општините, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа се овозможува преку програмата „Месеци на практикантство“ која ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Со имплементацијата на оваа програма Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите и спроведува една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021 – 2031, која Собранието ја усвои како изменет и дополнет документ усогласен со приоритетите на Националната развојна стратегија 2024 – 2044. Целта на оваа мерка која предвидува имплементација на програми за практикантство е да се зголеми вработливоста на младите невработени, жените и другите ранливи категории, да се намали јазот помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и да се превенира недостигот од вештини, особено во планските региони каде младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност“, велат од партијата.

Мерката за практикантство е дел од Приоритетот 1.5 од Стратегијата за регионален развој, насочен кон инвестирање во човечкиот капитал и подобрување на структурата на работната сила, преку која ќе се воспостави поефикасен систем за планирање, координација и спроведување на развојните политики, со посилна поврзаност меѓу националните институции, локалната самоуправа, академската заедница и младите.

Вклучувањето на младите ќе го координира Агенцијата, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, согласно реалните потреби на општинските администрации, ќе ја организира и координира нивната практична работа.

„За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ младите се вистински приоритет, а не само тема во предизборните програми и тоа го докажува со вакви конкретни мерки и политики. Ваквите програми владата им овозможува на студентите да стекнат практични знаења, работно искуство и полесен пристап до пазарот на труд, а на општините им обезбедуваме нова енергија, идеи и кадар. Визијата и целта на Владата е младите да добијат реални можности за личен и професионален развој и својата иднина да ја градат во Македонија, додека државните институции да го искористат целиот нивен потенцијал, знаење и енергија“, пишува во соопштението.