Утре се очекува сончево време со умерена облачност и температури до 36 степени, со попладневна можност за локално невреме со дожд и грмежи. Во наредните денови ќе има стабилизирање и покачување на температурите.
Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 19 степени, додека максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Според најавите за наредните денови, по утрешната локална нестабилност ќе следува период на топло и стабилно време. Дневните температури ќе бидат во пораст.







