Ивица Јаковлевски, тренер од светска класа, беше лично поканет од еден од најреномираните NBA Skill Development тренери во светот, Ганон Бејкер. Бејкер има работено и тренирано со NBA ѕвезди како LeBron James, Kevin Durant, Kyrie Irving, Chris Paul и многу други врвни кошаркари.
Дали Ивица Јаковлевски ќе стане првиот македонски тренер кој ќе работи како NBA тренер во историјата на Македонија? Времето ќе покаже, но неговата работа, посветеност и соработка со светски познати тренери го ставаат меѓу најамбициозните и најперспективните македонски кошаркарски тренери. Успесите што ги постигнува и меѓународните покани се доказ дека е на вистинскиот пат кон остварување на таа цел.



















