Јелена Ѓоковиќ во фустан од 1800 денари навива за Новак и изгледа одлично! Како да го изработиле „Dolce & Gabbana“, а всушност е 100 пати поевтин

Кармин

03/07/2026

18:55

1.152

Големина на фонт

а а а

Се одржа и третиот меч на Новак на овогодишниот Вимблдон, а со него и уште една модна лекција од неговата сопруга. Додека кралот на „белиот спорт“ си го пробива патот до финалето и 25-от гренд-слем трофеј, Јелена Ѓоковиќ продолжува да ги воодушевува публиката, медиумите и светот со интересни модни комбинации, кои совршено ја отсликуваат нејзината филозофија и визија за тивкиот луксуз.

Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но не и естетиката до која се придржува Јелена Ѓоковиќ. А ако тој стил ѝ се допаѓа на една Ана Винтур, чие внимание е тешко да се придобие, тогаш не е ни чудно што сопругата на најдобриот тенисер на сите времиња веќе со години е инспирација за жените од сите краишта на светот.


Кога во понеделникот се појави на првиот меч, нејзиниот стајлинг не им „избега“ на љубителите на модата, кои веднаш го пофалија беспрекорното летно издание, потврдувајќи дека одлично се вклопува во софистицираната атмосфера на најпрестижниот гренд-слем. Високи оценки доби и комбинацијата во која го следеше дуелот со Циципас. Но, денешната се заканува и двете да ги фрли во сенка...


На Централниот терен, каде што Новак во третото коло на турнирот се среќава со Французинот Артур Риндеркнеш, таа се појави во уште една исклучителна летна комбинација, совршен спој на елеганција и лежерност. Станува збор за бел миди фустан од high-street брендот „H&M“, со прерамки и цветен принт, чија цена, како што е наведено на веб-страницата, изнесува 3499 динари односно околу 1800 денари.


Стајлингот го надополни со накит и омилениот моден додаток – темни очила, а овојпат од сонцето ја штити уште еден внимателно избран додаток, тренди шешир.

Јелена Ѓоковиќ и денес блеска, но модното шоу и тоа како би можела да ѝ го украде ќерката Тара, која исто така имаше интересен стајлинг, па нема сомнеж дека камерите ќе „навраќаат“ кон нивната ложа секогаш кога ќе се укаже можност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk