Авион „Ер трактор“ интервенираше за гасење на пожарот во Штип, кој се приближи до населени места, а пожарникарите и локалното население се активни на теренот.
Авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување полета кон пожарот што избувна на штипскиот Исар, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Пожарот избувна денеска на источната страна на тврдината Исар во Штип и се прошири во близина на куќите.
На терен се пожарникари, а во гаснењето помага и локалното население.







