Почна реконструкцијата на водоводната мрежа во Долно Нерези

Макфакс

03/07/2026

12:30

174

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош, во соработка со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, започна со реконструкција на водоводната мрежа во населбата Долно Нерези за подобрување на водниот притисок и условите за живеење во реонот.

Општина Карпош во соработка со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, започнува акција за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Глигор Чемерски (поранешна Партизанска 11), во населбата Долно Нерези.

По повод почетокот на градежните активности, денеска на терен увид извршија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски како и претставници од ЈП „Водовод и канализација“ и изведувачот на градежниот зафат.

„Со реализација на овој проект, кој е резултат на заедничка соработка помеѓу Општина Карпош, Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, ќе се надмине повеќегодишниот проблем со недоволен воден притисок со кој се соочуваа жителите од овој реон на Карпош“, велат од Општината.

Во рамки на денешната средба, градоначалникот Лукровски оствари средба и непосреден разговор со жителите од Долно Нерези при што ги информираше за динамиката на проектот, а воедно ги слушна и нивните предлози и потреби поврзани со условите за живеење во населбата.