Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Макфакс

03/07/2026

11:40

220

Големина на фонт

а а а

Вечерва започнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026 кој ќе ги обедини културите од повеќе земји и ќе ја промовира македонската традиција и фолклор како мост меѓу народите.

Вечерва почнува меѓународниот фолклорен фестивал „Гази Баба 2026“.

„Вечерва Гази Баба ќе биде центар на културата, традицијата и фолклорот. Со гордост ја чуваме и негуваме македонската традиција, нашите песни, ора и обичаи кои со генерации го раскажуваат духот и идентитетот на македонскиот народ. На едно место ќе ги обединиме различните култури преку настапите на ансамбли од Македонија, Романија, Австралија, Србија, Турција, Полска и Русија. Фолклорот е мост кој ги поврзува народите, но и богатство кое сме должни да го зачуваме и пренесеме на идните генерации“, објави градоначалникот, Бобан Стефковски.

Фестивалот почнува вечерва од 20:30 часот на плоштадот во Автокоманда.