Опожарен багер во круг на фирма во Шуто Оризари

Макфакс

02/07/2026

14:30

158

Големина на фонт

а а а

Во Шуто Оризари е пријавен пожар на багер во кругот на фирма за отпад. Пожарот бил изгаснат без повредени лица, а полицијата го истражува случајот.

Синоќа во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари во круг на фирма за отпад била опожарена работна машина-багер.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Повредени лица нема, соопшти полицијата.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје во текот на денот ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.