ВЛЕН ги потврди имињата: Шасивари, Ферати и Сулејмани се нови министри во Владата

Макфакс

02/07/2026

09:20

608

Големина на фонт

а а а

Партијата ВЛЕН ги потврди имињата на новите министри во Владата, вклучувајќи ги Џетон Шасивари за правда, Агон Ферати за односи меѓу заедниците и Седат Сулејмани за култура и туризам, како дел од владината реконструкција.

ВЛЕН ги потврди имињата на новите министри кои се дел од реконструкцијата на Владата.

За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

„ВЛЕН решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето. Со овој тим, ВЛЕН повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните“, велат од партијата.

Досегашен министер за правда беше Игор Филков од ЗНАМ, за култура Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ, а за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите.