Делови од Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец денеска без струја

Макфакс

01/07/2026

07:09

252

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД информира дека денеска делови од општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец ќе бидат без електрична енергија во претходно наведениот временски период поради планирани исклучувања.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:

· улицата 1 Петровец од 08.00 до 09.00 часот, општина Петровец;

· улицата Стив Наумов бр.69, 65, 63а, 63б, 102а, 102б, 102в и други корисници од 09.00 до 16.00 часот, општина Центар;

· улицата Славе Георгиевски-Шнајдерот бр.1,3,5 и 7 од 09.00 до 16.00 часот, општина Центар;

· дел од улицата Тетовска од 09.00 до 16.00 часот, општина Центар;

· улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот бр.35, 35а, 37, 36, 34 и 32 од 09.00 до 16.00 часот, општина Центар;

· дел од улицата Франклин Рузвелт, Дрезденска и Рампо Левката од 09.00 до 16.30 часот, општина Карпош;

· дел од улицата Знеполе и околни улички од 10.00 до 14.00 часот, општина Ѓорче Петров.