Општина Карпош денеска ќе има привремен прекин на водоснабдувањето поради дефект на водоводен затворач на улицата Народен Фронт 21. Прекинот ќе важи за одредени делови од улицата и околните населби додека трае санацијата.
РЦУК Скопје известува дека денеска поради дефект на затворач ф-150 мм на улицата Народен Фронт 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Дом на Печат до улицата Франклин Рузвелт) и дел од улицата Васил Ѓорѓов, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.







