„Сон на балон“, „Стефан во Дино Парк“ и „Домот на пастрмката“ на Александра Велинова преведени на албански јазик

Точка

27/06/2026

12:30

225

Големина на фонт

а а а

Авторката Александра Велинова продолжува да ги доближува своите дела до поширока читателска публика преку превод на албански јазик на второто издание на трите популарни детски изданија: „Сон на балон“, „Стефан во Дино Парк“ и „Домот на пастрмката“.

Препевот е на Делвина Керлуку исто така член на ДПМ. Овие книги, кои преку интересни приказни обработуваат теми како пријателството, авантурата, едукацијата и грижата за природата, веќе го привлекоа вниманието на најмладите читатели во Македонија.

„Сон на балон“ носи емотивна и едукативна приказна за детското пријателство, иселувањето и чувството на припадност. „Стефан во Дино Парк“ ги запознава децата со светот на диносаурусите преку авантура и игра. „Домот на пастрмката“, пак, испраќа силна еколошка порака за заштита на охридската пастрмка и природното богатство на Македонија.

Со преводот на албански јазик, овие изданија ќе станат подостапни за нов круг млади читатели, придонесувајќи кон развојот на детската литература и меѓукултурната комуникација.