[ВИДЕО] Трагедија: Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско

Макфакс

27/06/2026

12:41

944

Големина на фонт

а а а

Возач на товарно возило загина откако неговото возило излета од патот кај селото Ореовец на магистралниот пат Градско – Прилеп. Инцидентот се случи во 17:50 часот, а телото е предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител.

СВР Битола известува. – На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес“ со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.


По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.