Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека изборите во Србија ќе се одржат во октомври или ноември, а повеќе детали ќе објави на собирот на Српската напредна странка.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во Србија ќе се одржат избори во октомври или ноември.
Во интервју за три провладини телевизии, Вучиќ изјави дека повеќе детали, како и одговор на прашањето дали ќе се кандидира за премиер, ќе соопшти на собирот на владејачката Српска напредна странка (СНС), закажан за 27 јуни во Белград.
Претходно, функционери на СНС во неколку наврати изјавија дека сакаат Вучиќ да биде нивен кандидат за премиер на следните избори.







