Во близина на Бедфорд во Англија, дошло до судир на два воза при што загинал машиновозач, додека над 100 лица се повредени, а неколку се во критична состојба. Железничкиот сообраќај е прекинат, а се води истрага за причините на несреќата.
Едно лице загина, а околу 100 се повредени во судир на два воза во близина на Бедфорд. Според британските медиуми, загинатиот е машиновозачот на еден од возовите, додека девет лица се во критична состојба.
Несреќата се случила во петокот вечерта, а истражителите сѐ уште ја утврдуваат причината за судирот. Голем број од повредените се здобиле со тешки повреди.
Поради интервенцијата на итните служби, целосно е прекинат железничкиот сообраќај меѓу Бедфорд и Лутон. Компанијата „Темслинк“ соопшти дека се очекуваат големи доцнења и откажувања на возови.
На патниците кои се наоѓале во запрени возови им било препорачано да останат во вагоните и да ги следат упатствата на персоналот, додека трае интервенцијата и истрагата.







