Сончев викенд пред нас, промена на времето од понеделник

Макфакс

20/06/2026

09:23

408

Големина на фонт

а а а

Утврдување на времето за викендот со сончеви и топли денови, додека од понеделник се очекува промена со појава на нестабилност и дожд во попладневните часови.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

За време на викендов, претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност.

Од почетокот на работната седмица во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.