ВМРО-ДПМНЕ: Го прославивме роденденот заедно со народот, додека СДС во затворен тесен круг со умислени елити

Макфакс

18/06/2026

10:21

279

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ ја истакнува разликата помеѓу себе и СДС преку одбележувањето на нивниот 36-ти роденден, нагласувајќи дека тие се партија на народот која направи големи проекти и го претставува државата достоинствено, додека СДС ја прослави во тесен круг со своите елити и се обвинува за избегнување на важни митинг теми.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од јасна. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и заедно со граѓаните го одбележи 36-от роденден на партијата, која се бореше и донесе независност на татковината, направи многу проекти чиј бенефит го чувствуваат граѓаните и ја претставува државата исправено, гордо и достоинствено пред светот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ за тоа колку чинела прославата.

„Од друга страна ја имаме партијата СДС, која е на маргините поради нивните лоши политики и односот кон граѓаните. Тие својот роденден го прославија во затворено во дворот на Бихаќка каде заедно со умислените елити на партијата, громогласно го поздравуваа аболицираниот криминалец Заев и неговиот потрчко Филипче. И сфаќаме дека се плашат и нема ниту збор од СДС за она што се актуелни теми. Уплашени и кукавички се кријат зад соопштенија додека Филипче шета низ светот. Тоа е евидентната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние сме заедно со народот, а тие бегаат од него“, се наведува во реакцијата.