Загина вработен во ЕВН додека извршувал работни задачи во Крива Паланка

Макфакс

17/06/2026

13:50

276

Големина на фонт

а а а

Во село Огут кај Крива Паланка, вработен во ЕВН загина додека извршувал работни задачи. Случајот е пријавен во полиција, а телото на починатиот е предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител.

Вчера во 13:00 часот, од Јавната здравствена установа Крива Паланка во полиција било пријавено дека на место викано „Пољана“ во село Огут, кривопаланечко, има починато лице.

Според информациите на МВР, по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.