Газда на кафеана во Трпејца и Холанѓанец нападнале мајка, татко и ќерка

Макфакс

17/06/2026

11:40

585

Големина на фонт

а а а

Сопственик на кафеана и холандски државјанин физички нападнале семејство во село Трпејца, охридско. Случајот е пријавен и полицијата работи на негово расчистување.

Сопственик на угостителски објект и еден холандски државјанин физички нападнале татко, мајка и ќерка во охридското село Трпејца.

Според информациите на СВР Охрид, вчера во 23:10 часот А.К.(37) од селото Пештани, охридско, пријавил во полиција дека околу 21:50 часот во угостителски објект во селото Трпејца, охридско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице од Холандија и С.И. од Пештани, охридско, сопственик на објектот.

Тој пријавил дека освен него, физички биле нападнати и неговата сопруга и неговата ќерка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.