Мицкоски: Во Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови

Макфакс

16/06/2026

10:28

1.437

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски објави нова инвестициска планина во ТИРЗ Тетово, каде компанијата Џаво Отмотив ќе инвестира 20 милиони евра за производство на автомобилски компоненти и отворање на нови работни места.

Премиерот Христијан Мицкоски извести за нова странска инвестиција во ТИРЗ Тетово.

„Компанијата Џаво Отмотив e глобален производител за автомобилската индустрија со повеќе од 40 години искуство, ќе инвестира околу 20 милиони евра и ќе отвори до 412 нови работни места.

Од Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови, а извозот на компанијата во полн капацитет ќе достигне 45 милиони евра годишно.


Ова е уште една потврда дека довербата во македонската економија расте, дека инвеститорите ја препознаваат стабилноста и дека државата повторно станува атрактивна дестинација за нови вложувања.

Ние не ветуваме фабрики – ние отвораме фабрики. Не ветуваме работни места – создаваме работни места. Не зборуваме за развој – го реализираме“, напиша Мицкоски.