Заменик-командантот на иранското воено командување го осуди израелскиот напад врз јужен Бејрут и истакна дека нема да остане неказнет. Иранското раководство исто така го критикува САД за непочитување на договорите и поврзувањето на нападот со преговорите со Вашингтон.
Заменик-командантот на иранското централно воено командување, Мохамад Џафар Асади, изјави дека израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут нема да остане неказнет. Израел соопшти дека цел на нападот биле позиции на Хезболах.
Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамад Багер Галибаф ги обвини САД дека не ги исполнуваат своите ветувања и оцени дека нападот ги доведува во прашање разговорите меѓу Техеран и Вашингтон.
„Ако нема волја или способност да се исполнат преземените обврски, нема смисла да продолжиме по овој пат“, изјави Галибаф, додавајќи дека Иран секој договор со САД го условува со целосен прекин на огнот, вклучително и во Либан.
Во денешниот израелски воздушен напад врз јужен Бејрут загинаа три лица. Израел наведе дека акцијата била одговор на напади на Хезболах.







