Ограбил обложувалница во Тетово, уапсен на аеродромот додека се обидувал да избега од државата

Макфакс

14/06/2026

13:40

364

Големина на фонт

а а а

26-годишен маж од Тетово е уапсен откако ограбил спортска обложувалница во својот град и се обидел да избега од државата преку аеродромот во Скопје.

Ограбување и апсење

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот.

Според информациите од билтенот на МВР, инцидентот се случил на 8 јуни околу 2 часот по полноќ. Осомничениот влегол во обложувалницата и, заканувајќи му се на вработениот со остар предмет, одзел пари од касата и побегнал.

Само неколку часа подоцна, околу 11:30 часот истиот ден, полицијата го привела на Меѓународниот аеродром Скопје, каде што бил затекнат при обид да ја напушти државата.