Младеновска: Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за малкумина привилегирани

Макфакс

14/06/2026

12:20

195

Големина на фонт

а а а

Рената Младеновска од СДСМ на прес-конференција го критикуваше тековното економско состојба во Македонија, нагласувајќи дека платформа „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап со цел економијата да работи за граѓаните, со поддршка на праведни компании и зголемување на платите.

Изјава за економската состојба во Македонија

„Македонската економија се распаѓа, граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари“ – ова денеска на прес-конференција го изјави Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, државниот Буџет е веќе испразнет на средина од годината, при што планираниот годишен дефицит е пробиен за над 18 милиони евра.

„Владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра а пари нема. Нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, нема за земјоделците. Само за криминални тендери има пари. Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори. СДСМ во Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за малкумина привилегирани. Правично е државната поддршка да ја добиваат компании што носат резултати и придонесуваат во економијата, а не фирми што се блиски до власта и напредуваат по партиска линија“, истакна Младеновска.

Затоа, додава таа, предвидуваме строга ревизија на секои 18 месеци, на секоја мерка.

„Ако компанијата не испорачува резултати, ако нема ефект врз продуктивноста, средствата ќе се пренасочуваат кај поуспешни корисници. Предвидуваме долгорочна поддршка и следење на компаниите што се извозно ориентирани и имаат потенцијал за раст, преку Развојната банка на Македонија. Економијата мора да се развива во сите региони. Затоа ќе развиваме индустриски кластери според локалните потенцијали. Финансиската поддршка за компаниите ќе биде условена со обука на работниците, воведување стандарди и пристап до нови пазари. Праведно е пари да се даваат за успех, а не за преживување“, вели Младеновска.

Најави дека фокусот на нивната програма се работниците и растот на платите.

„Минималната плата автоматски ќе се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Ако профитот на компанијата расте, ќе мора да расте и платата на работникот. Така е правично“, заклучи Младеновска.