ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија

Макфакс

14/06/2026

09:10

216

Големина на фонт

а а а

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се критикуваат политиките на Филипче и СДС, посочувајќи дека тие поддржуваат бугарски барања и отстапки кои го загрозуваат македонскиот национален идентитет и интереси.

Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските.

Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДС нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на државата.

Додека Владата носи инвестиции, отвора перспективи и работи за подобар животен стандард, Филипче и СДС единствено нудат политики на капитулација, сервилност и исполнување на туѓи агенди.

Наместо да се борат за Македонија, во СДС се натпреваруваат кој побрзо ќе прифати нови условувања и отстапки.

На граѓаните одамна им е јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е крај на барањата, туку почеток на нова серија уцени. Токму затоа огромно мнозинство граѓани се против такви чекори под диктат и притисок однадвор.

Секој јавен настап на Филипче и СДС се потсетник зошто СДС ја изгуби довербата кај народот и зошто продолжува да тоне.

Во Македонија заврши времето на капитулации и политичари кои клечат пред туѓи барања.

Македонија има потреба од лидери кои стојат исправено, го бранат идентитетот, јазикот и државните интереси без калкулации и без пазарење.

Граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ да се бори достоинствено на патот на интеграцијата на Македонија во ЕУ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.