Луѓето кои пораснале во Југославија и денес со носталгија се сеќаваат на предметите што ги потсетуваат на некои „други времиња“, кога дружењата со кафе со соседите беа дел од секојдневието.
Еден корисник на платформата Икс објави фотографија од необичен предмет од тоа време, со прашањето: „Дали знаете за што служи ова?“, што предизвика бројни коментари.
„Ќе седнат две сосетки, вртат…“
Додека помладите се обидуваа да погодат за каква направа станува збор, постарите корисници веднаш го препознаа предметот и се потсетија на минатите времиња.
„Дали знам?! Колку пати како дете мелев кафе во ова. Убави спомени“, напиша еден корисник.

„За на седум години да вежбаш бицепс“, се пошегува друг.
„За озборување. Ќе седнат две сосетки, го вртат тоа и озборуваат“, додаде трет.
Дел од секојдневниот живот
Станува збор, секако, за рачна мелница за кафе, која некогаш можела да се најде во речиси секој дом низ СФРЈ.
Овој предмет бил дел од секојдневниот живот, бидејќи кафето во тоа време најчесто се купувало во зрна, па пред подготовка морало да се сомеле.

Денес кафето главно се купува веќе сомелено или се користат електрични апарати за мелење, па не е изненадување што помладите генерации често не го препознаваат овој „винтиџ“ предмет и погодуваат за што служел.




